Fungi Food
+389 71 259 099
fungifood@yahoo.com

За нас

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ГО ВКУСОТ НА ПРИРОДАТА
FUNGI FOOD

ФУНГИ ФУД е компанија во приватна сопственост,основана и управувана од жена-претприемач.

Седиштето на компанијата со сопствен преработувачки капацитет се наоѓа во подножјето на планината Плавица, општина Пробиштип, североисточно од Македонија.

Своите почетоци ФУНГИ ФУД ги втемелува од 2009 год. за да денес резултира во современ преработувачки капацитет, располагајќи со сопствен разладен возен парк и проширен капацитет на ладилници со современи стандарди.

Основна дејност е откуп и преработка,пакување и пласирање на диви печурки, шумско овошје и лековити билки. Како дар од природата, од еколошки чисти средини и квалитативно и квантитавно од дивите јадливи печурки најзастапени се:

Вргањ, боров вргањ, лисичара, јајчара, смрчак, рујница, ѓурѓевка, а од шумското овошје шипинка, капина, шумска јагода и боровинка.

Од лековитите билки најзастапени се: липа, бозел, ајдучка трева, црн слез,  жолт смил, петопрст, глуварче, коприва, перуника, кантарион, мајчина душица, божур, глог и др. како полупроизвод или готов производ.

Притоа голема предност е локацијата на преработувачкиот погон со што се овозможува собраните шумски плодови за најкратко време да пристигнат во истиот задржувајќи ја нивната максимална свежина. Така преработените и пласирани производи се со врвен квалитет со што се задоволуваат и најпребирливите вкусови.

Преработените шумски плодови потекнуват од исклучиво еколошки региони што се потврдува со био сертификат.

Секундарна дејност е увоз и дистрибуција на свежи шампињони како и производство на сертифициран органски мед и пчелни производи меѓу кои

Преработувачкиот процес се врши во сопствени објекти со капацитет за сушење, замрзнување, маринирање и пакување.

Пласманот на откупени и преработени производи, освен на домашниот се ориентира и на европскиот пазар, меѓу кои географски најважни се Италија, Шпанија, Германија и Швајцарија.